Саутгејт доби титула британски витез

Герет Саутгејт е прогласен за британски витез, се наведува на Новогодишната листа на добитници.

Саутгејт го напушти кормилото на репрезентацијата во јули, по поразот од Шпанија во финалето на Европското првенство во Германија.

Герет Саутгејт ја предводеше Англија до две последователни финалиња на Европското првенство и до полуфиналето на Светското првенство во 2018 година. Осум години беше селектор, националниот тим го предводеше на 102 натпревари.

Тој е четвртиот селектор на Англија кој е прогласен за витез, по Сер Волтер Винтерботом, Сер Алф Ремзи и Сер Боби Робсон, објави Би-Би-Си.

Олимписката шампионка на 800 метри Кили Хоџкинсон е одликувана со Орден на Британската империја.

Наградите, кои ги доделуваат британските монарси уште од средниот век, како дел од редот на витештвото, се проверуваат од владиниот комитет пред списокот да биде проследен до премиерот и кралот Чарлс III.