Саутгејт останува селектор на Англија до 2024 година

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Гарет Саутгејт, и официјално го продолжи договорот за водење на „гордиот албион“ до 2024 година. 

Неговиот сегашен договор со фудбалската федерација на Англија беше со важност до 2022 година и со него Саутгејт заработуваше плата од 3 милиони фунти годишно. Со новиот договор тој ќе заработува фантастични 6 милиони фунти на годишно ниво со што ќе стане најплатениот селектор во историјата на репрезентацијата.

51-годишниот Саутгејт ја води репрезентацијата на Англија од 2016 година, и најголеми успеси му се пласманите во финалето на ЕУРО 2020 и полуфиналето на Светското првенство во 2018 година.

Продолжувањето на договорот значи дека Англичанецот, ќе биде на клупата на репрезентацијата на Светското првенство во Катар  и Европското првенство во 2024 чиј домаќин ќе биде Германија.

https://twitter.com/England/status/1462752836387840008?s=20