Саутгејт уште не одлучил дали ќе остане англиски селектор
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/12/sautgejt-1024x640.jpeg)
Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, сега не размислува за оставка по елиминацијата од Мундијалот во Катар. Англичаните вчера загубија од Франција со 2-1 и си ги спакуваа коферите.
„Треба да размислам, на сите им треба време да ги донесат вистинските одлуки. По анализата ќе ја донесеме одлуката“ – вели Саутгејт кој има активен договор до 2024 година.
Тој седна на кормилото во 2016 година и го предводеше „Гордиот Албион“ на Светското првенство во 2018, на Европското првенство во изминатата година и сега во Катар.