Саутгејт ќе добие нов договор како селектор на англиската репрезентација
Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски Сан.
Саутгејт им соопштил на челниците на ФА дека сака да остане селектор најмалку уште две години. Британските медиуми пренесуваат дека управата на ФА по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со Саутгејт. Тој има договор со ФА до крајот на оваа година.
Некои британски медиуми претходно објавија дека Саутгејт би можел да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, но селекторот на Англија во моментов не размислува за понудите од заинтересираните клубови.
Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година