Саутемптон го купи Хрватот Оршиќ
Хрватскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, во иднина ќе настапува во Премиер лигата, откако постигна договор за трансфер во Саутемптон.
Според информацијата на Скај Спортс, вредноста на трансферот ќе изнесува 8 милиони евра.
30-годишниот Оршиќ играше на шест натпревари за Хрватска на Мундијалот во Катар и успеа да постигне еден гол. Хрватскиот фудбалер својата кариера ја започна во Интер Запрешиќ, а во последниве четири сезони беше играч на Динамо Загреб, каде на вкупно 214 натпревари постигна 91 гол.