Саша Димитријевиќ се враќа во МЗТ Скопје!

Поранешниот тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје, Саша Димитријевиќ е новиот координатор на младинската школа на аеродромци.

Заедно со управата на клубот и тренерите од младинската школа, Димитријевиќ ќе работи на подигнување на нивото и интензитетот на работа, како и на враќање на препознатливиот сјај на младинскиот погон на МЗТ Скопје.

Негова главна задача ќе биде целосна реорганизација и унапредување на работата на талентите, за што поседува огромно искуство и докажан квалитет.