Саша Лукиќ наместо во Рома може да заврши во Лидс?

Рома и Лидс се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ. Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лидс.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Лидс, кој е спремен да понуди повеќе.

Лукиќ после Мундијалот ќе донесе конечна одлука дали ќе остане во Серија А или ќе се пресели во Премиер лигата.