Сајтот на Светското првенство тврди дека овој ракометар има 89 килограми!

Готје Мвумби Тиери, масивниот пивот на Конго, стана ѕвезда на денот на ракометното Светско првенство, а сцените како тој се пробива низ противничката одбрана станаа вирални на социјалните мрежи.
Тиери успеа да го претвори неинтересниот натпревар помеѓу Конго и Аргентина во сензационален со самата своја појава. Одигра одличен натпревар, за 11 минути во игра од четири удари кон голот постигна четири гола за дебитантот на СП, но љубителите на спортот посветија внимание на неговата килажа.
Така, дојдоа до страницата на францускиот четвртолигаш Друкс, за кој Тиери настапува од минатото лето. Таму пишува дека има 26 години, висок е 192 сантиметри и она што на сите им е најинтересно, тежок е 110 килограми.
Меѓутоа, изненадувањето дојде на службениот сајт на СП. Таму пишува дека конгоанскиот горостас е висок 176 сантиметри и има 89 килограми!
Организацијата на СП во Египет уште пред почетокот на првенството беше прогласена за катастрофална од многумина, а овој гаф со пропорциите на Тиери е само еден од доказите за споменатото.