Светот доби најмлад шампион, Индиецот Гукеш е најдобар светски шахист

Домарају Гукеш е светски шампион во шах. Тинејџерот од Индија, кој годинава стана полнолетен, ја доби 14.партија и со резултат 7,5-6,5 го победи бранителот на титулата, Кинезот Лирен Динг.

Како се одвиваше партијата, впечатокот беше дека ќе заврши со реми и дека потоа одлуката за светскиот првак ќе биде решена со дополнителни брзи партии.

Сепак, Гукеш на крајот беше многу попрецизен. Забележлива беше нервозата кај Динг, бидејќи му остана многу помалку време од индискиот велемајстор.

Клучниот момент дојде кога Динг се понуди размена на топови во 55. потег. Гукеш прифати, а веќе во следниот потег беа разменети ловци. Индиецот остана со два пиони на масата, Кинезот со еден.

Динг тогаш сфати дека се наоѓа во позиција од која нема излез и во 58. потег го предаде мечот и на противникот му го препушти светскиот трон.

Индиецот стана 18. светски шампион во историјата. Од неговите сонародници, пред него планетарниот шампион беше само Вишванатан Ананд.

Покрај светската титула, годинава освои и злато на шаховската олимпијада со репрезентацијата на Индија.