Светскиот првак Данска прв ривал на Македонија на Европското првенство

Ждрепката сакаше Македонија да се најде во групата Б на Европското ракометно првенство, која ќе се игра во Хернинг. Репрезентациите на Данска, Португалија и Романија се нашите ривали во првата фаза.
Веќе е и познат распоредот на натпреварите со тоа што сатниците дополнително ќе бидат одредени.
Турнирот избраниците на Кирил Лазаров ќе го стартуваат на 16 јануари и тоа против фаворитот број еден за европското злато Данска. Потоа на 18 јануари одиме на мегдан со Романците која е селекција со која можеме да се надигруваме и да бараме победа за да на крајот, на 20 јануари, ги одмериме силите со незгодната Португалија.