Светските легенди одушевени од настапот на Македонија
Големите фудбалски имиња од Германија и Италија, Јирген Клинсман и Алесандро дел Пиеро, во анализата за „ЕСПН“ се осврнаа на вчерашната голема победа на Македонија на теренот на четирикратниот светски шампион Германија.
„Ова е голем шок за Германија, но Македонија заслужи да победи поради дрскоста и пристапот кон играта. Македонија на моменти покажуваше брилијантност која ја однесе до победата. А германските репрезентативци ќе биде подобро да се скријат неколку денови. Знаете, се случуваат вакви работи и не е ништо чудно. Малку ќе се опуштите, па уште во ситуација кога нема публика да ве поттикне тогаш можете да бидете изненадени“, истакна Дел Пјеро.
