Свечено отворени Медитеранските игри во Таранто

Tаеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката, Леона Миленкоска, го носеа македонското знаме на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Таранто.
Во наредните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.
На отворањето беше и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска- Давкова, која во текот на денов оствари средба и со нашите репрезентативци во Италија.