Себатијан Алер промовиран во нов играч на Борусија Дортмунд

Досегашниот фудбалер на Ајакс, Себастијан Алер потпиша четиригодишен договор со екипата на Борусија од Дортмунд. Тој во новиот тим ќе го носи дресот со број девет, и ќе биде замена за Ерлинг Халанд кој замина во Манчестер Сити.

Алер во минатата сезона одигра 42 натпревари за Ајакс, постигна 34 гола и девет асистенции. Со своите 11 погодоци во Лигата на шампионите беше третиот најдобар стрелец после Бензема и Левандовски.

За 28-годишниот фудбалер ова ќе биде второ враќање во Бундеслигата каде во периодот од 2017 до 2019 година играше за Ајнтрахт од Франкфурт.