Себаљос побарал од Анчелоти да се врати во матичниот Бетис

Карло Анчелоти врши одлична работа во Реал Мадрид, како одминува времето кралскиот клуб изгледа се подобро, но Италијанецот не може да им угоди на сите фудбалери. Еден од оние кои се назадоволни од својот статус е Дани Себаљос.

Според „Ел Национал“, Карло Анчелоти бил изненден кога Себаљос побарал во јануари да се врати во Бетис, клубот каде ја почна кариерата.

Себаљос не сакал да остане во Реал Мадрид, ниту пак да се врати во Арсенал каде претходно играше на позајмица, негова желба е се пресели во Бетис, смета дека тоа е местото каде што би блеснал.

Доколку Бетис испрати соодветна понуда, Флорентино Перез нема да му прави проблем на Себаљос да замине. Реал Мадрид како стартери ги има Касемиро, Крос и Модриќ, а на клупата се Валверде, Камавинга и Иско, па кралскиот клуб има доволно избор за средниот ред.