Севиља го има најбараниот дефанзивец во Европа!

Минатото лето цела Европа зборуваше за Диего Карлос од Севиља, па тимот од Андалузија веќе се подготви за големата заработка која на крајот изостана. Сега уште поголема би можел да донесе другиот човек од стоперскиот тандем. Жул Кунде со одличните игри во завршницата од минатата сезона го навлече вниманието на себе, а во ист ритам продолжи и сезонава. Откако Упамекано ги договори условите со Баерн, 22-годишниот Кунде во овој момент е можеби и најбараниот централен дефанзивец на светот. Но, тоа нема да биде лесно бидејќи Севиља во 2019. година за него издвои 25 милиони евра во трансферот од Бордо. Според Трансфермаркт, цената на Кунде во моментот е двојно поголема, но сигурно е дека Севиља ќе бара повеќе од таа сума.