Севиља го краде Папу Гомез пред италијанските гиганти

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Папу Гомез, кој имаше конфликт со главниот тренер, Џампјеро Гасперини, веројатно до крајот на месецов ќе си замине од Аталанта.
Неколку клубови од Серија А се заинтересирани за него, но, не сакаат да платат десет милиони евра. Станува збор за Интер, Милан и Рома. Тоа може да го искористи шпанскиот состав Севилја и да испрати понуда за брзоногиот играч.
Во текот на сезоната Папу Гомез има 10 натпревари и 4 голови во Серија А. Тој последен пат беше на теренот на ремито против Јувентус на 16 декември.