Севиља го сака Сари на клупата следната сезона

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, јавноста на Апенините многу зборува за неговата следна потенцијална дестинација.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Севиља е заинтересирана за Сари и побарала средба со претставници на италијанскиот тренер.

Шпанскиот клуб минува низ прилично турбулентна сезона, но доаѓањето на Кике Санчез Флорес до некаде го стабилизираше тимот кој повеќе не мора да се грижи за опстанокот

И покрај ова, раководството на Андалузијците сака да ги разгледа сите опции кога е во прашање долгорочната стратегија на клубот, сепак, одговорот од Маурицио Сари ќе мора да почека од приватни причини, поради што Италијанецот не сака да брзање.

Откако го напушти Лацио, Сари се поврзуваше со Вест Хем, Њукасл, Марсеј, Бенфика, дури и Бешикташ, но немаше поконкретни информации.

Се шпекулираше и дека Сари би го чекал расплетот на ситуацијата во Милан бидејќи се најавува заминување на Стефано Пиоли, па дотогаш Сари ќе ги разгледува сите опции.