Севиља го смени тренерот Гарсија Пимиента

Гарсија Пимиента повеќе не е тренер на Севиља, соопштија од клубот.

Утрово тој беше известен за одлуката на раководството, донесена неколку часа по четвртиот последователен пораз во Ла Лига од Валенсија. Тимот се наоѓа на 13. место во поредокот со 36 бодови.

„ФК Севиља му се заблагодарува на Гарсија Пимиента за неговата работа во последните неколку месеци, како и за неговиот професионализам и му посакува успех во неговите идни напори“, напишаа од клубот.