Севиља негира враќање на Серхио Рамос
Потпретседателот на Севиља, Нидо Караско одговори на прашање за евентуален потпис на договор со шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос.
„Не, Серхио Рамос не е опција денес. Тој е одличен играч кој израсна во нашата академија, но денес не е опција за Севиља“, изјави Караско за „АС“.
Претходно беше објавено дека Серхио Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, за кој игра напаѓачот Лионел Меси.
Рамос потекнува од Севиља, која ја напушти во 2005 година, преминувајќи во Реал Мадрид. ПСЖ најави заминување на Рамос, кој во клубот е од 2021 година. Шпанецот минатата сезона забележа 45 настапи во сите натпреварувања и постигна четири гола и една асистенција.