Севиља ќе биде новиот клуб на Иско
Шпанскиот играч за врска Иско, кој е слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во друг клуб од Примера.
30-годишниот играч од средниот ред е подготвен да потпише со Севиља. Андалузијците на играчот му понудија двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Иско во Реал премина од Малага во 2013 година. Со „белите“ е петкратен освојувач на Лигата на шампионите, трикратен шампион на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.
Минатата сезона, играчот од средниот ред имаше 2 гола на 17 натпревари за Реал на сите турнири.