Сега и дефинитивно, Кејн е на продажба!
Хари Кејн има желба да го напушти Тотенхем, смета дека доволно чекаше, а и дека тимот со овие вложувања не може да се бори за важни трофеи и врвот на табелата. Капитенот на Англија ќе има можност да го освои Лига купот, но на тој пат стои Манчестер Сити. Тотенхем игра и во Лига Европа, но Кејн е заинтересиран за настап во Лигата на шампионите.
Дури и Тотенхем би сакал да го продаде капитенот како би ги покрил загубите, за нив пандемијата дојде во кошмарно време, кога очекуваа заработка од новиот стадион.
И местото на Мурињо не е гарантирано, се зборува за Нагелсман, но засега тоа останува само далечна можност.
Проблемот со Кејн е цената. Тој има договор уште три и пол сезони, а во време на криза никој нема да ја плати сумата која Тотенхем ја бара.
Се работи за 150 милиони фунти за капитенот кој даде 209 голови на 319 натпревари за клубот.