Седлоски: Вардар долго го чекаше враќањето во Европа

Вардар важи за апсолутен фаворит за место во следната рунда во третото натпреварување на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски даде коментар за претстојниот дуел во на кој домаќинот атакува на победа.

„Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се гледаме самите себе, респект за ривалот, но јас сум фокусиран само на моите играчи. Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпрревар и дека ќе забележиме победа. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Најважно ми е екипата да ми влезе онака како што јас барам, без опуштање.“, изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во четврток со почеток од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. На центарот ќе бидат Андорци. Антоан Кјарамонти е главен судија, ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.