Седлоски ги отвори картите за БиХ и Турција, повика и пет фудбалери од ПМФЛ

Селекторот на репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на Вардар, Јанкулов, фудбалерите од средниот ред на Силекс, Анѓелески и Додев и најдобриот стрелец на Вардар, Азер Омерагиќ.

Поради повреда, селекторот Седлоски нема да смета на Љупче Дориев, Лука Станковски, Егзон Бејтулаи, Марио Илиевски и Димитар Митровски, а поради клупски обврски двата натпревари ќе ги пропуштат Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Валенсија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука), Давор Талески (Вардар);

ОДБРАНА: Ѓоко Зајков (Ајман), Висар Муслиу (Ст. Труден), Никола Серафимов (Левски), Дин Аломеровиќ (УТА Арад), Езѓан Алиоски (Лугано), Јован Манев (Нови Пазар), Имран Фетаи (Шкендија), Себастијан Ерера (Борац Бања Лука), Стефан Деспотовски (ОФК Београд), Дарко Велковски (Вардар), Георгије Јанкулов (Вардар);

СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Коњаспор), Бобан Николов (Вардар), Јани Атанасов (АЕЛ Лариса), Агон Елези (Сараево), Сефер Емини (Сондерјиске), Дарко Анѓелески (Силекс), Дарко Додев (Силекс);

НАПАД: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс), Дарко Чурлинов (Коџаели), Елмин Растодер (Тун), Азер Омерагиќ (Вардар), Милан Ристовски (Бохемијанс);

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 25. мај во хотел „Хилтон“ во Скопје.