Седлоски си поднесе оставка во Шкупи
Гоце Седлоски повеќе не е тренер на прволигашот Шкупи. Тој поднесе оставка на функцијата после натпреварот со Победа кој заврши со резултат 1:1.
Како клучни фактори за заминувањето од тренерската позиција се напоменуваат слабите игри на тимот на почетокот од сезоната, како и елиминацијата од европските натпреварувања.
Седлоски својата оставка ја најави веднаш после натпреварот, и изјави дека му благодари на сите во клубот за соработката во изминатиов период. Тој во Шкупи пристигна во сезоната 2020/2021, и веднаш во наредната сезона успеа да ја донесе домашната титула во клубот.