Сезар Аспиликуета следното лето се сели во Барселона
Шпанските новинари тврдат дека капитенот на Челзи, Сезар Аспиликуета по завршувањето на сезонава ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во екипата на Барселона.
Барселона и Аспиликуета веќе се согласиле на потпишување двегодишен договор и се очекува тој да биде еден од искусните столбови во екипата од „Камп Ноу“.
Аспиликуета оваа сезона има се помалку настапи во тимот со кој менаџира Томас Тухел и се очекува тој да ја прифати евентуалната понуда од Барселона.
Сезар Аспиликуета е член на Челзи од 2012 година, каде пристигна од Олимпик Марсеј.