Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалери за Исланд и Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари од мундијалските квалификации.
Ново име во составот на македонската репрезентација е Ваљон Етеми кој доаѓа од турскиот Истанбулспор, а поради повреда селекторот Милевски не може да рачуна на Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев.
Македонската репрезентација ги затвора квалификациите за СП во Катар 2022, со натпреварите против селекциите на Ерменија и Исланд.
Дуелот со ерменците се игра на гостински терен на 11. ноември, а натпреварот со Исланд е во Скопје на 14.ноември.
