Селекторот на Белгија, загрижен поради малата минутажа на Азар во Реал Мадрид

Роберто Мартинез кој е селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, изрази загриженост поради недоволната минутажа која Еден Азар ја добива во тимот на Реал Мадрид.

Азар кој е еден од најдобрите играчи во белгиската селекција, оваа сезона во дресот на Реал Мадрид одигра 12 натпревари од можни 19, од кои само на шест беше стартер. Во Лигата на шампиони настапи само на два натпревари.

„Ова веќе станува сериозен проблем. Неиграњето на Азар е загрижувачко. Тој никогаш во својата кариера не се нашол во ваква ситуација, поради што ова може да биде многу тешко за него“ изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.