Селекторот на Гана: Пеналот за Португалија беше подарок за Роналдо
Португалија во еден драматичен натпревар ја совлада Гана со 3-2. До водство Португалците стигнаа со гол од пенал на Роналдо врз кого и беше направен прекршокот. Селекторот на репрезентацијата на Гана, Ото Адо смета дека судиите немало да покажат на белата точка ако место Роналдо бил друг фудбалер во таа ситуација.
„Главниот судија досуди пенал кој не беше пенал, сите можеа да го видат тоа. Зошто го досуди? Затоа што во прашање беше Роналдо. Ако некој постигне гол нормално ќе му честитам, меѓутоа ова беше подарок од судијата за Роналдо“, изјави Ото Адо по натпреварот.