Селекторот на Германија пред ангажман во јапонската кошарка
Гордон Херберт, канадскиот тернер со финско потекло последните
три години ги мина на селекторското место во германската
кошаркарска репрезентација носејќи и голем успех на оваа европска
држава предводејќи ја до златниот медал на последното Светско
првенство кое се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија.
И покрај големиот успех неговиот ангажман како селектор сепак
завршува по престојните Олимписки игри во Париз.
Херберт и германската федерација се разделуваат на пријателски
начин бидејќи тренерот цели кон нов предизвик во кариерата –
превземање на клуб и тоа изненадувачки.
Според информациите на добро упатениот новинар на „Баскет Њуз“,
Донатас Урбонас, Херберт ќе го превземе јапонскиот клуб Чиба Џетс со повеќегодишен договор.