Селекторска смена во Црна Гора, Радуловиќ замина по три годии
По три години Миодраг Радуловиќ ја напушти клупата на Црна Гора.
По разговорот со претседателот Дејан Савичевиќ и раководството на сојузот одлучено било со истекот на актуелниот договор на Радуловиќ да му престане мандатот на местото селектор.
Радуловиќ на селекторската позиција во Црна Гора дојде во јануари 2021 година и во текот на три години го водеше националниот тим на 30 натпревари во квалификациите за Светското и Европското првенство, УЕФА Лигата на нации и уште неколку пријателски натпревари.
Во овој момент не е познато кој ќе биде неговиот наследник.