Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир од Б лигата, репрезентацијата на Македонија е совладана од Швајцарија со 1-0.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа можност први да дојдат до водство, но за жал шансата не успеа да ја искористи Јаков Стојковски.

Во 32. минута Јанис Один го совлада Александар Трајков за предност на Швајцарците, а воедно на крајот тоа беше и конечен резултат.

Во вториот натпревар од нашата група Северна Ирска славеше со 3-1 во соочувањето против Малта.

Токму селекцијата на Малта ни е последен противник на турнирот, а натпреварот на стадионот Кукуш во Турново почнува во 12:00 часот.