Селтик го враќа Роџерс на клупата
Шкотски Селтик е блиску до договор со Брендан Роџерс кој би можел да ја преземе функцијата менаџер, пренесуваат британските медиуми.
Роџерс Селтик го водеше од 2016-та до 2019-та година и во секоја сезона ја освојуваше шампионската титула, а според информациите од Шкотска 50-годишниот тренер е пред враќање во клубот.
Според информациите од двете страни денес би требало да се одржи нов разговор, а извори блиски на „Скај“ тврдат дека соработката е на повидок.
Поранешниот менаџер на Ливерпул на почетокот на април доби отказ од Лестер по серијата лоши резулати, а „лисиците“ на крајот испаднаа од друштвото на најдобрите.