Селтик го замени тренерот по 18 бодови заостанување зад Ренџерс
Шкотски Селтик објави дека се раздели со тренерот Нил Ленон, кој ја водеше екипата од 2019. година и освои трикратна титула минатата сезона. Сезоната пред тоа, исто така го освои првенството и Купот. Поранешниот играч на Селтик, кој за клубот одигра повеќе од 200 натпревари, го раскина договорот по слабата сезона. Шкотскиот првак зад водечкиот Ренџерс заостанува огромни 18 бода и нема никакви шанси да ја одбрани титулата. „Знаевме дека сезоната ќе биде тешка поради се што се случува и фрустрира тоа што не можевме да бидеме на задоволително ниво. Дадов се од себе, како и секогаш, да ја свртиме ситуацијата во наша корист, но не успеав. Селтик секогаш ќе биде дел од мене и му посакувам се најдобро.“ – изјави Ленон. Ленон во последните неколку години немаше никаква конкуренција во шкотското првенство, но сезонава Стивен Џерард работи одлично во Ренџерс, кој е целосно недопирлив во првенството, а има високи амбиции и во Лига Европа.