Семејството Поцо по четири децении го продава Удинезе

ansa – pozzo – Il patron dell’Udinese, Giampaolo Pozzo, in una immagine del 07 giugno 2010 ad Udine. ANSA/LANCIA

По речиси четири децении, семејството Поцо ја заврши својата ера во Удинезе – клубот е продаден на инвестициски фонд од САД за околу 150 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Тимот од Удине беше во сопственост на семејството Поцо уште од 1986 година, кога Џанпаоло Поцо го презеде клубот од Ламберто Маца во време кога Удинезе се соочуваше со сериозни тешкотии.

Веста ја објави TGR Rai FVG, а ја потврдија и извори блиски до клубот. Од раководството на Удинезе засега нема официјален коментар, а идентитетот на американскиот фонд кој го презема клубот треба да биде објавен во наредните часови.