Семејството Рикетс се повлече од интересот за купување на Челзи
Конзорциумот предводен од сопствениците на Чикаго Кубс, семејството Рикетс, се повлече од борбата за купување на англискиот фудбалски клуб Челси, соопшти американското семејство. „Станува сè појасно дека некои прашања не можат да се решат со оглед на необичната динамика на процесот на продажба. Му се восхитуваме на Челси и неговите навивачи и им посакуваме успех на новите сопственици“, се вели во соопштението.
Одлуката беше објавена по истекот на рокот за поднесување понуди за премиерлигашот, кој го продава санкционираниот руски сопственик Роман Абрамович. Понудата беше предводена од претседателот на Кубс, Том Рикетс.
Изненадното повлекување на семејството Рикетс остави три понуди: сопственикот на ЛА Доџерс, Тод Боули, поранешниот претседател на Ливерпул, Мартин Бротон и косопственикот на Бостон Селтикс, Стив Палука како кандидати за „сините“.