Семпличи го наследи Ди Франческо на клупата на Каљари

Калјари го отпушти тренерот Еузебио Ди Франческо по неговиот 14-ти пораз на 23 натпревар од почетокот на сезоната во Серија А, објави клубот од Сардинија.
Во петокот, Калјари загуби дома од Торино со 1:0 и сега се наоѓа на 18-то место во поредокот со само 15 бодови. Ди Франческо кој ја работеше првата сезона во клубот од Сардинија претходно беше отпуштен од Сампдорија и тоа по само седум натпревари.
Според медиумите, поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семпличи, најверојатно ќе го преземе кормилото на Калјари.