Серафимов го продолжи договорот со МОЛ Фехервер

Репрезентативецот на Македонија, Никола Серафимов ќе остане во Унгарија откако денеска тимот на МОЛ Фехеревар објави дека договорот со него е продолжен.

Во редовите на унгарскиот тим Серафимов пристигна летото 2022 година од ЗТЕ и по првата сезона во која имаше проблеми, сезонава успеа да дојде до стандардно место кај тренерот Бартош Грзелак.

„Во клубот пристигнав пред две години, првата сезона не одеше како што очекував, имави две повреди. Сепак, по почетокот на актуелната работите се променија и тоа се одразува и на резултатите на тимот. Имаме одличен тренерски тим и успесите ги постигнавме благодарение на тоа што играме како тим.

Реалтивно брзо сртигнавме до бројката од 40 бода која беше поставена за цел пред почетокот на сезоната, но секако дека во последните две кола сакаме и да го подобриме пласманот. Нема да се откажеме од освојувањето на второто место. Среќен сум што го продолжив договорот и ќе продолжам да се борам за успех“, изјави Серафимов за клупскиот сајт.

Во актуелната сезона Серафимов беше стрелец и на еден погодок, против Кишварда во есенскиот дел од сезоната.