Серафимов и Левски шампиони на Бугарија, прекината хегемонијата на Лудогорец

Левски на нашиот репрезентативец Никола Серафимов е шампион на Бугарија по 27-ми пат во својата историја. Потребни беа точно 17 години за „сините“ повторно да ја освојат шампионската круна. Триумфот дојде по минималната, но заслужена победа од 1:0 над второпласираната ЦСКА 1948 пред преполните трибини од над 18.000 гледачи на стадионот „Георги Аспарухов“.
Така, тимот на Серафимов веќе има 76 бода и на четири кола пред крајот на првенството е недостижен на првото место. Тие сезонава дојдоа по 24 победи, 4 нерешени и само 4 порази, постигнувајќи рекордни 68 гола.