Сергеј Милинковиќ-Савиќ интересен за Ливерпул
Фудбалерот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е најновото име кое се најде на радарот на Јирген Клоп и Ливерпул.
26-годишниот Србин, игра во одлична форма од стартот на сезоната со постигнати три гола и две асистенции на осум натпревари. Ливерпул во него гледа идеална замена за Џиџи Вајналдум кој летово како слободен играч ги напушти “црвените“ и потпиша за екипата на Париз Сен Жермен.
Меѓутоа за фудбалерот на Лацио се интересираат и голем број на други клубови, како Интер, Јувентус и Реал Мадрид, со што Ливерпул ќе наиде на голема конкуренција доколку се одлучи да тргне по негово доведување на “Енфилд“.
Постоечкиот договор на српскиот репрезентативец со Лацио истекува во 2024 година и клубот за евентуална продажба за него ќе бара околу 60 милиони фунти.