Сергеј Милинковиќ – Савиќ конечно се сели во ПСЖ?
Долгогодишните шпекулации околу потенцијалното заминување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио би можеле да се остварат ова лето.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Париз Сен Жермен е подготвен за финална офанзива за српскиот репрезентативец. Најверојатно дека следното лето е идеален момент за еден од најдобрите играчи за врска во Италија да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Богатиот сопственик на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е фрустриран по испаѓањето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, и е одлучен да направи играчки промени во екипата.
Според медиумите, ПСЖ ќе му понуди на Лацио 80 милиони евра за трансферот на 27-годишниот фудбалер, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар централен играч за врска во Серија А.