Сергеј Милинковиќ ќе го менува Погба на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед се уште не може да постигне договор со Пол Погба и веќе почна да бара негова замена.
Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и се поголеми се шансите да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој игра одлично во дресот на Лацио.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб. Манчестер Јунајтед е спремен да ја понуди конкуренцијата и за неговиот потпис ќе понуди 70 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на Лацио.