Сериозна повреда и долга пауза за Калајџиќ од Ајнтрахт

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Саше Калајџиќ ги скина вкрстените и страничните лигаменти на десното колено нс натпреварот со Фрајбург, соопштија од клубот.

26-годишниот австриски репрезентативец игра за Ајнтрахт Франкфурт  како позајмен од Вулверхемптон. Голгетерот ќе биде надвор од терените на неодредено време и ќе се опоравува најмалку шест месеци.

За Калајџиќ ова е трета ваква повреда од 2019 година. Напаѓачот одигра 6 натпревари за Ајнтрахт од неговиот трансфер во зима, во кои се истакна со еден гол и две асистенции.