Сериозна повреда на Габриел Жезус

Медиумите од Англија ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Арсенал, Габриел Жезус, ги повредил вкрстените лигаменти на коленото за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.

Тренерот на „топџиите“ Микел Артета, не сакаше да ја потврди оваа вест пред официјалните лекарски резултати, но сепак најави подолго отсуство за Бразилецот.

„Бевме многу загрижени после натпреварот со Јунајтед, Мораме уште еднаш да ја провериме состојбата со Габриел. Не сакам ништо да потврдам додека не добијам конечни резултати но повредата изгледа сериозно“, изјави Артета.

Голема е веројатноста дека Арсенал ќе мора да бара засилување за голгетерската позиција до затворањето на јануарскиот преоден рок.