Серија А одби намалување на лигата
Италијанската Серија А нема да го скрати бројот на тимови кои ќе бидат дел од елитата. Иако имаше иницијатива од сезоната 2025/26 бројот на тимови да се намали од 20 на 18, сепак, истата не беше прифатена од мнозинството на клубовите на последното собрание на Серија А.
Серија А објави дека е потврден сегашниот формат на Лигата со 20 екипи по гласањето во Милано. На денешното гласање освен Милан, Интер и Јувентус кои беа иницијатори на евентуалните промени, само уште Рома гласаше за намалување на бројот на екипи во Калчото, додека останатите 16 клубови гласаа против.