Серхио Рамос повторно не тренира со ПСЖ
Одбранбениот играч на Париз Сен Жермен, Серхио Рамос, повторно го пропушти тренингот со екипата и не зеде учество во подготовките за дуелот со Монако во првенството на Франција.
Шпанецот Рамос, никако да влезе во посакувана форма и да ги отстрани проблемите кои го следат откако се пресели од Реал Мадрид во ПСЖ. Оваа сезона тој успеа да одигра само еден натпревар со екипата, оној против Сент Етјен на кој парижаните славеа со 3:1.
Како официјална причина за неговото отсуство е замор на мускулите за што е потребно негово мирување.