Серхи Роберто доби понуда за нов договор во Барселона
Шефовите на шпанскиот шампион Барселона стапиле во контакт со агентот на Серхи Роберто за да започнат разговори за обновување на договорот со својот капитен.
Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до лето, но Каталонците одлучија да го задржат во своите редови. До неодамна, 32-годишниот играч, кој оваа сезона ја носи и капитенската лента, се сметаше дека е поверојатно да го напушти „Камп Ноу“.
Сепак, тој има одлична сезона и тоа го убеди спортскиот и техничкиот штаб дека е подобро да го задржат во клубот.