Сетиен не попушта и ги бара сите пари од договорот со Барса
Кике Сетиен доби отказ на клупата на Барселона после дебаклот во Лигата на шампионите против Баерн (8-2). После нешто повеќе од пола година на клупата Сетиен доби отказ во август минатата година, а на негово место дојде Роналд Куман.
Сетиен не потпиша спогодбено раскинување на договорот. Барселона го отпушти и 62 годишниот стратег си ја бара оштетата преку суд.
Барселона не сака да му плати никаква оштета, но изгледа дека ќе мора да го направи тоа. Според информациите на шпанските медиуми. Сетиен би можел да добие од Барселона оштета од 14 милиони евра.