Се враќаат повредените, Жота и Артур спремни за настап

По серијата разочарувачки резултати, Јирген Клоп доби добри вести. Диого Жота ги продолжи тренинзите со тимот, а Јирген Клоп се надева дека неговото враќање ќе му помогне на тимот да излезе од кризата и дека ќе почне да победува.

Португалскиот репрезентативец нема играно од октомври кога заработи повреда против Манчестер Сити. Повредата го спречи да учествува на Светското првенство во Катар. Сепак, Жота сега е во комбинација и најверојатно ќе му биде на располагање на Клоп за дербито со Евертон во понеделник.

На денешната тренинг сесија учествуваа и Вирџил ван Дијк и Роберто Фирмино, кои пред неколку дена продолжија со тренинзите, но се уште се подготвуваат на индивидуална основа. Артур Мело за прв пат по долго време учествуваше во работата на тимот на цел тренинг.