Се враќаат повредените, Тухел со комплетен тим по репрезентативната пауза
Тренерот на Баерн, Томас Тухел доби добри вести пред продолжението на првенството. Напаѓачот Серж Гнабри и дефанзивецот Матијас де Лихт ги продолжија тренинзите со тимот.
Гнабри се врати за првпат по три недели откако ја скрши раката, додека Холанѓанецот Де Лихт се опорави од проблемот со коленото. И двајцата ќе бидат подготвени за саботниот натпревар од Бундеслигата против Мајнц.
Голманот Мануел Нојер, кој беше надвор од терените откако ја скрши ногата на скијање во декември, исто така целосно тренира и исто така може да се врати на голот за мечот со Мајнц.