Се менува локацијата за финалето на Лигата на шампионите

Финалето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Манчестер Сити треба да се одигра на 29. мај во Истанбул. Поради пандемијата на коронавирусот, финалето би можело да се одигра на Вембли во Лондон. Имено, британската Влада воведе ограничувања во однос на патувањето на нејзините државјани во Турција, каде состојбата со коронавирусот не е стабилна. Со оглед на тоа што во финалето се англиски клубови, се погласно се зборува за промена на локацијаата. УЕФА беше цврста во намерата финалето да остане во Турција, меѓутоа идната недела би можело да дојде до промена. Вембли се наметнува како идеален кандидат и би можел да дочека 22.500 гледачи. ВО тој случај, УЕФА од финалистите на ЛШ ќе бара откажување од заработката од учеството во финалето. Се работи за 22,5 милиони евра. Тие пари би се проследиле на турските власти, кои веќе вложија финансии во организацијата на финалето.